Никоб медикал

Ние се грижиме за Вашето здравје

Нашата компанија НИКОБ, лидер во услугите за брза и ефикасна безбедност ви го преставува идниот иновативен концепт за здравствени услуги кои ќе можат да ги користат сите граѓани, клиенти, но и државата кога ќе има потреба од тоа.

ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ  ќе биде на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови,  достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Покрај медицинските услуги преку ПЗУ Никоб Лаб обезбедуваме и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови.

На располагање на нашите клиенти ќе бидат 20 врвно обучени медицински тимови, составени од доктори, медицински сестри, опремени со најсовремени амбулантни и санитетски возила во нашата држава и преку интегриран мониторинг систем поврзани со апликација која ќе може да ја поседуваат корисниците на нашите услуги за кои обезбедуваме брза, достапна и квалитетна здравствена услуга.

НИКОБ МЕДИКАЛ е 100% приватна инвестиција и ќе ги понуди најфлексибилните, најдостапните и најприфатливите цени на пазарот за услуги за кои бенефит ќе имаат граѓаните и идните клиенти, а ќе бидеме и додадена вредност на здравствениот систем во нашата држава.

ДОАЃА ВИСТИНСКИ ОДГОВОР ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ.