Превентивен пакет

ПЗУ Никоб Медикал нуди стандардни превентивни програми за контрола на здравјето прилагодени на Вашите индивидуални потреби според возраста, полот, зачестеноста на одредени заболувања во семејството, како и според Вашите животни навики и стил на живеење. Ваквиот пристап овозможува превенција на заболувања и рано откривање со цел да се започне ефикасен третман. Индивидуалните превентивни здравствени пакети се конципирани така да бидат рационални, ефективни и достапни за Вашиот буџет.

Превентивниот пакет е услуга наменета за клиенти кои немаат здравствени проблеми, со што им се дава можност за прегледи и испитувања чија цел е рано откривање на одредени заболувања, вклучувајќи и совети и консултации за здрав живот и комплетна контрола врз организмот.

Кому се наменети овие прегледи?

Превентивните прегледи се наменети на средната и постарата генерација на луѓе.

Што опфаќаат?

Сите прегледи, вклучително и превентивните прегледи започнуваат со сериозен и фокусиран разговор (анамнеза и статус), потоа следат дијагностичко-лабораторски иследувања после кои следи завршен разговор при кој што приемниот доктор на основа на наодите од сите иследувања на поединецот му ја претставува неговата здравствена состојба и му дава препораки за понатамошно следење, евентуални доинвестигации и лекување во писмена форма.

 
Превентивниот пакет опфаќа:
    • физикален преглед;
    • ЕКГ;
    • мерење на притисок;
    • пулсоксиметрија;
    • интерпретација на брзи тестови за шеќер;
    • масти и мокрача;
    • совет и препорака.