Медицински и санитетски транспорт

Здравствените услуги се неопходни за секој сегмент од населението. Дел од популацијата се соочува со потешкотии при доаѓање во болница на преглед, интервенција и останати здравствени услуги. Токму затоа постои медицински транспорт кој го олеснува овој процес.

Нашите превозни средства се опремени со најсовремена медицинска апаратура, што дозволува транспорт на пациенти, не само во земјата, туку и надвор од неа.

Видови на медицински и санитетски транспорт:
    • Транспорт од дом до установа;
    • Транспорт од установа до дом;
    • Транспорт од установа до установа;
    • Транспорт од град во град во државата;
    • Транспорт вон државата.