Тимот за домашната посета на Никоб Медикал обезбедува здравствена услуга во домашни услови или на работното место и се препорачува за дијагностицирање и третирање на општи состојби. Професионален медицински тим составен од лекар, медицинска сестра/техничар и возач, се грижи за Вас 24 часа, 7 дена во неделата.
Во случај на потреба од итна медицинска интервенција, пациентите повикуваат на 15515 или преку мобилна апликација, со притискање на panic тастер, давајќи краток опис на симптомите или повредата на лицето на кое му е потребна помош.
Вашите повици се прифаќаат од страна на оперативниот центар на Никоб Медикал, 24 часа, 7 дена во неделата.