Ковид-19 транспорт и Ковид-19 пакети
Лабораториски испитувања асоцирани со корона вирусот кои ќе ви помогнат да ја следите вашата здравствена состојба.
Согласно сериозните импликации од пандемијата со SARS-CoV-2 вирусот, а со цел сеопфатен пристап за справување со истиот од аспект на дијагностика и лекување, во Никоб Медикал се имплементирани соодветни решенија кои вклучуваат: детекција на вирусот со RT-PCR и брзи антигенски тестови; следење на позитивните пациенти преку воведување на рутински анализи на важни лабораториски параметри, како и прегледи и проценки на состојбата од страна на нашите лекари во домашни услови.
Инфекцијата со SARS-CoV-2 вирусот се карактеризира со широк спектар на различни симптоми кај различни пациенти, а воедно и со варијабилен степен на сериозност. Во многу студии утврдено е дека пациенти кои имаат тешка и сериозна клиничка слика имаат и зголемено ниво на некои лабораториски параметри, чие што следење може да даде увид во прогресијата на болеста и понатамошната насока на лекување. Поради ова сознание, создадовме Ковид-19 пакети на лабораториски анализи наменет за позитивните пациенти во кој покрај сите основни биохемиски параметри – вклучена е и анализа на следниве маркери: d-dimers, feritin, interleukin 6 (IL-6), lactate dehydrogenase (LDH) и C-reactive protein (CRP).
Ковид-19 Транспорт 1
КОВИД-19 Транспорт на пациент од дом до болница град Скопје и обратно, при реализација на услугата санитетски транспорт со мед. сестра/тех.
Ковид-19 Транспорт 2
КОВИД-19 Транспорт на пациент од дом до болница град Скопје и обратно, при реализација на услугата медицински транспорт.
Ковид-19 Транспорт 3
КОВИД-19 Транспорт на пациент од дом до болница територија на Република Северна Македонија.
Ковид-19 пакет
Здравствена услуга во домашни услови за Ковид пациент:
Физикален преглед, интравенска инфузија, ЕКГ, мерење на притисок, пулсоксиметрија, кислородна подршка, апликација на терапија, совет и препорака.
Пост Ковид-19 пакет
Здравствена услуга во домашни услови:
физикален преглед, ЕКГ, мерење на крвен притисок, пулсоксиметрија, апликација на терапија, интравенска инфузија, совет и препорака.
Пост болнички пакет третман
Здравствена услуга во домашни услови со постоперативна нега на болен:
Физикален преглед, ЕКГ, мерење на крвен притисок, пулсоксиметрија, апликација на терапија, комплетна инфузиона и супституциона терапија (инфузија, и.м/и.в. /с.к терапија) тоалета на рана и преврска, пласирање на катетер и испирање на бешика, совет и препорака.