Category: Вести

Рани и нивно лекување

Рана претставува надворешен или внатрешен прекин на телесното ткиво, односно губење на континуитетот на кожниот епител, со или без губење на основното сврзно ткиво (т.е мускули, нерви,коски).  Описот на раната може да биде претставен на повеќе начини: по методот на нејзиното настанување, според нејзината природа (потекло), анатомската локација, според патолошките симптоми, односно поради појавата на доминантните ткива во самата рана.

Сите дефиниции служат како критична цел во проценката и соодветното менаџирање на раната, се до разрешување на симптомите или целосно заздравување, што е главна цел на медицинско-хируршкиот пристап. Заздравување на рана означува обнова на оштетеното ткиво со формирање на сврзно ткиво и повторно растење на епителот.

1. Според методот на настанување, постојат 4 основни типови на рани:

     ● Абразија = рана која настанува по контакт на кожата со груба или тврда површина, не е длабока, раскинот на ткивото може да биде со или без крварење. Може да настане по пад, како гребаница или по удар со предмет. Најчесто се третира со антисептичен/антибактериски пристап.

     ● Лацерација = рана која настанува со подлабок рез или кинење на кожата, најчесто придружена со крварење кое може да биде брзо и екстензивно. Настанува по несреќи со остри предмети, машини или алати. Најчесто се третира со антисептичен/антибактериски и хируршки пристап.

     ● Пункција = рана која настанала како резултат на прободување на кожата со шилест предмет. Настанува најчесто со убод од игли, шајки и други остри сечила. Овој тип на рана може, но и не мора да биде придружен со крварење, но обично се работи за длабок тип на рана, со која се оштетуваат и внатрешните ткива. Најчесто се третира хируршки, понекогаш се прима и вакцина против Тетанус како дополнителна заштитна мерка.

     ● Авулзија = рана која настанува со делумно или целосно кинење на кожата со ошттување на околните ткива. Овој тип на рана најчесто настанува како резултат на несреќи, експлозии, истрели од огнено оружје. Раната е придружена со обилно и брзо крварење. Овој тип на рана се третира хируршки, обично подолг временски период.

Кога да посетите доктор?

кога раната е подлабока од 2-3см

• кога раната крвари повеќе од 20 минути

• кога крварењето од раната не престанува по директен притисок врз истата

• кога крварењето од раната настапило после повреда од сериозно потекло.

2.Според природата на настанување, раните се класифицираат како акутни и хронични.

     ● Акутна рана се дефинира како повреда на кожа по пат на инцизија или траума и заздравува уредно и навремено. Во акутни рани спаѓаат сите типови и подвидови на гореспоменатите рани и повреди (механички, хируршки, изгореници итн.) кои по одреден временски период од нивното третирање, спонтано заздравуваат.

    ● Хронична рана се дефинира како повреда на кожа која не успева да помине низ нормалните фази на зараснување на раната на уреден и навремен начин. Овие рани се јавуваат како резултат на недостаток на нормални клетки, кои често се дисфункционални поради патолошкото однесување на кожното ткиво. Ваквите рани потешко зараснуваат и нивното третирање трае долг временски период и нивниот третман скоро секогаш е хируршки. Хроничните рани понатаму може да се класифицираат како васкуларни улцери (венски и артериски), дијабетски улцери, компресивни улцери, декубитални улцери и гангренозни улцери.

   ◊ Васкуларни улцери се рани на кожата кои натануваат како резултат на проблеми со крвната циркулација. Најчест тип на васкуларен улцер е венскиот улцер, кој настанува како резултат на нарушување на нормалната морфологија на вените, особено во подколениците. Најчесто настануваат како последица од варикозни вени или  инфламација на површинскиот и длабокиот венски систем. Се третираат најчесто со антисптични и топикални медикаменти во рана фаза на настанување.

   ◊ Дијабетските улцери (попознато како дијабетско стапало) се рани кои настануваат како директна последица кај пациентите со дијабет.  Овие рани се јавуваат како резултат на распаѓање на кожата и ткивата на стапалата и глуждовите. Главните симптоми се оток, болки, црвенило и печење. Ова е доста сериозна рана која мора навремено хируршки да се третира, бидејќи е подложна на чести инфекции и инфламации, која може да доведе до целосно отстранување на стапалото.

   ◊ Декубиталните улцери се рани кои настануваат како резултат на постојан притисок или триење на област од телото, кое доведува до оштетување на кожата. Најчесто настануваат на лакти, коленици, глуждови, лумбален дел на рбет т.е делови од телото кои подолго време се неподвижни. Се третираат медикаментозно или хируршки поради зголемен ризик од инфекции.

   ◊ Гангренозни улцери се рани кои настануваат како последица на нарушување на крвните садови и ткивото, кои се веќе инфицирани со бактериски / габичен / паразитарен причинител. Може да настапат после трауматска повреда, првична инфекција на околното ткиво или да се јават како резултат на хронично заболување. Ваквите рани се сериозна закана за здравјето на пациентите и освен хируршки, мора да се третираат и со соодветни антибиотици / антифунгални / антипаразитарни лекови.

Кога да посетите доктор?

кога раната е придружена со силна болка

• кога раната крвари, гнои или мириса непријатно

• кога после дадената терапија на одредена рана нема подобрување

• кога има нагла промена во колорација (боја) на рана

3. Според анатомската локација, раните можат да настанат насекаде на телото. При тоа треба да се разликува рана која настанала на или околу витален орган, за да се избегне понатамошно оштетување на кожата. При секое подлабоко нарушување на континуитетот на кожата, соодветно е да се побара медицинска нега.

4. Патолошко настанатите рани се должат на резултат на оштетување на кожа, каде клетките се изложени на промени на молекуларно ниво (јонизирачки, ултравиолетови зрачења, канцерогени промени итн.). Пристапот и третманот кон ваквиот тип на рани зависи од локализацијата, видот на оштетувањето и општата состојба на пациентите. Примарно, ваквите рани бараат сериозен третман на терциерно здравствено ниво.

Здравата кожа е есенциелна за нормално функционирање на човековиот систем. Кожата е најголемиот орган на телото, кој секојдневно не штити од несаканите надворешни влијанија. Виталноста и заштитата на кожата е особено важна во спротивставување на процесот на стареење и избегнување на веројатна болест.

Никоб Медикал со ексклузивни промотивни пакети за Вашата здравствена нега – Вашиот дом е наша ординација

Брзиот и динамичниот живот на луѓето денеска наметнуваат нови правила во европските и светски медицински протоколи, а предизвиците на здравствените капацитетите не секогаш се прилагодуваат на дневните активности и здравствените потреби на граѓаните.

Никоб Медикал следејќи ги светските здравствени трендови со јасна стратегија и хумана димензија ги промовира новите здравствени пакети кои се исклучиво наменети за поддршка на здравјето на граѓаните во домашни услови.

Свесни сме дека брзиот и динамичен живот може да ја запостави превентивната здравствена заштита на граѓаните која за нив подоцна може да биде кобна. А,  за оние кои имаат потреба од  неопходна медицинска терапија и нега, ги проектиравме најбараните здравствени пакети кои се со многу достапни цени и кои можат да бидат аплицирани и во домашни услови, бидејќи ги поседуваме најдобрите капацитети во државата составени од врвни докторски и медицински тимови, најмодерните амбулантни возила и најмодерната биохемиска молекуларно дијагностичка лабораторија Никоб Лаб која е во мрежата на ФЗО.

Дозволете вашиот дом да биде наша ординација, а грижата за Вашето и здравјето на Вашите најблиски да биде наша обврска со промотивните пакети за Специјален онколошки пакет, Медицински пакет-домашна посета, Специјален уролошки пакет и Центар за третирање на рани како и пакетите на Никоб Лаб за сите биохемиски анализи.

Никоб Медикал со ексклузивен промотивен пакет за месецот на мажите – Мовембер

Превенцијата е најдобра кога започнува од дома

Ноември е месец посветен на машкото здравје. Превентивните прегледи се клучни за рано дијагнистицирање на се почестиот и прогресивен рак на простата кај мажите. Затоа  ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб ви нудат домашна посета со бесплатен и комплетен физикален предлед од страна на доктор, земање на материјал во вашиот дом за бесплатна биохемиска анализа на простата специфичен антиген ( PSA ) во Никоб Лаб и во случај на покачени вредности Ви нудиме бесплатна консултација со еминентен специјалист уролог, а сето тоа само за 1500 денари. Контакт инфо, закажување и повик на 15 515, телефонски број достапен 24/7.

Бидете одговорни мажи за да имате среќно семејство.

Нашиот промотивен пакет ги вклучува следните услуги;

  • Домашна посета на медицински тим
  • Бесплатен мониторинг на витални параметри
  • Бесплатен преглед по системи
  • Земање на материјал во вашиот дом за анализа на PSA тумор маркер
  • Бесплатна биохемиска анализа на PSA тумор маркер во Никоб Лаб
  • Бесплатна консултација по резултатите со специјалист уролог

Цена – 1500 денари

Зошто матичниот доктор во Никоб Медикал е најдобриот избор за вашето здравје?

Превентивните прегледи се клучот во зачувувањето на вашето здравје. Користејќи ги услугите кои матичниот доктор и ординацијата ги нуди во ПЗУ  Никоб Медикал, Вашето здравје и здравјето на вашето семејство се во одлични раце на искусен и стручен доктор кој е повеќе од 25 години во професијата.

Начинот на кои можете да ги користите услугите е да се регистрирате кај матичниот доктор во Никоб Медикал со вашата лична карта.

Дополнително, Никоб Медикал располага 24/7 со високо обучени тимови од доктор, сестра и возач, нови опремени ординации и најмодерен возен парк со амбулантни возила, со одлична и навремена мобилност во медицинските интервенции и домашни посети. Ги поседуваме сите потребни ресурси за брз  медицински транспорт и аплицирање на терапии во домашни услови, а цените за услугите се достапни и прилагодени на стандардот на пациентите.

Во склопот на ПЗУ Никоб Медикал, функционира и ПЗУ Никоб Лаб, биохемиска молекуларна дијагностичка лабораторија опремена со најсовремена лабораторискаска опрема и истата работи под Фондот за здравствено осигурување, а на располагање е и голем бесплатен паркинг простор.

Со регистрирањето кај матичниот доктор во Никоб Медикал добивате бесплатен физикален преглед во кој вклучува:

– Мерење на крвен притисок

– Мерење на телесна температура

– Мерење на нивото на шеќер во крвта

– Мерење на нивото на кислород во крвта

– Мерење на пулс 

– Хемиска анализа на урина со тест трака

Бесплатен преглед по системи:

– Преглед на грло 

– Преглед и чистење на уво

– Невролошки преглед

– Аускултација на бели дробови

– Површинска и длабока палпација на абдомен 

– ЕКГ мониторинг

– Апликација на субкутана, интравенска, интрамускулна терапија

– Обработка и преврска на рана

– Инхалаторна терапија

Доколку се регистрирате и ги користите услугите на матичниот доктор, тимовите на Никоб Медикал ја поседуваат базата на пациентите од матичниот доктор и според медицинската индикација на најкритичните пациенти, еднаш во годината тимовите на Никоб Медикал бесплатно ќе направат домашни посети и извршат прегледи на пациентите.

Брзи, достапни 24/7 и квалитетни

Ваш,

Никоб Медикал

Никоб Медикал – Лидери во меѓународен медицински транспорт на пациенти

  Во периодот од 01.04.2021 година до 17.07.2022 година реализиравме над 22 меѓународни медицински транспорти на пациенти со различни дијагнози.

Транспортиравме брзо и безбедно по сите светски здравствени протоколи,  пациенти со сериозни дијагнози, заразени од Ковид 19, карциноми, кардиоваскуларни заболувања, фрактури како и други заболувања.

Бевме 24/7 континунирана подршка на нашите пациенти и заедно поминавме илјадници километри од Скопје до Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Албанија, Грција, Црна Гора, Србија, Косово и други држави.

 Ни беше должност и чест што ја стекнавме довербата од пациентите и не препознаа како установа која нуди најдобра, најдостапна и најквалитетна услуга во сегментот на брз и безбеден меѓународен медицински  транспорт.

Ги поседуваме најмодерните и најсофистицираните медицински амбулантни возила во Македонија, опремени со последната генерација на технички, технолошки и медицински стандарди, како на пример, дефибрилатор LP20e, Преносен респиратор (вентилатор) за возрасни,  деца,  новороденчиња, 12V + вградена батерија, преносен аспиратор, со напојување од 220v AC и со вградена батерија од 12v DC, балони за вентилација за возрасни, деца и новороденчиња, комплет за имобилизација на вратен дел од рбетниот столб, делови за имобилизација (крагни), сет за фрактури, имобилизатор за глава, спинална даска, вакум имобилизатори, комплет за екстремитети и прохромски хидрауличен бокс за прифаќање на автоматското носило и хидрауличен систем за ублажување на вибрациите при возење.

Со почит,

Никоб Медикал

НИКОБ ЛАБ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.

Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а

  • ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
  • Седиментација на еритроцити
  • Крвна слика со диференцијална крвна слика
  • УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
  • ГЛУЦИДЕН СТАТУС
  • Глукоза во серум (гликемија)
  • ЛИПИДЕН СТАТУС
  • Вкупен холестерол
  • Триглицериди
  • ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
  • Уреа во серум
  •  Креатинин во серум
  • ЕНЗИМСКИ СТАТУС
  • AST аспартат аминотрансфераза
  • ALT Аланин аминотрансфераза
  • ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
  •  Железо (Fe)
  • Тест за бременост ß HCG во серум

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б

  • ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
  • ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
  • ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
  • СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в

  • ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
  • ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ

Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги

За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените опшествено одговорни групации во државата

Во изминатиот период Никоб Обезбедување, Никоб Медикал и Никоб Лаб беа покровители и поддржувачи на неколку големи спортски, културно образовни настани и работилници низ целата држава.

Сите настани на кои НИКОБ Групацијата беше покровител,  исклучиво промовираа јавни  политики кои имаа за цел да продуцираат здрави навики и животни стилови, младинска, спортска култура, медицинска и здравствена едукација.

Горди сме што бевме спонзори и покровители на 43 Интернационален медицински конгрес во Охрид, реномираниот триатлон “Триоги Рејсинг”, Авто Плус Стрит Шоу саемот за автомобили, мотоцикли и електрични велосипеди во Скопје, Вози право, вози здраво во Скопје и прекрасниот струмички маратон Струмица на улица и како и многу други настани.

Никоб Групацијата спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.

НИКОБ МЕДИКАЛ со нова услуга, матичен доктор во мрежата на ФЗО за граѓаните во град Скопје и општина Кисела Вода

Во насока на зајакнување на мрежата на матични доктори и доближување на услугите кон граѓаните и заедниците за што подостапна примарна здравствена заштита, во ПЗУ Никоб Медикал започна со работа ординација по општа медицина со матичен доктор од мрежата на Фондот за здравствено осигурување.

Матичниот доктор е со повеќе од 25 години работно искуство во својата струка

Работното време на матичниот доктор е од понеделник, вторник, среда и петок од 8,00 часот до 16,00 часот, а во четврток со работно време од 12,00 часот до 20,00 часот.

Дополнителните услуги кои можете да ги користите во ПЗУ Никоб Медикал се и Брзата медицинска интервенција, домашната посета и аплицирање на терапија во домашни услови, а наскоро во НИКОб Лаб ќе бидат достапни и лабораториски анализи и услуги од листата на Фондот за здравствено осигурување

Почнува со работа нова приватна здравствена установа – Никоб Медикал

Денеска е 7 април, ден на здравјето, еден од најзначајните празници и за Вас и за нас, но и за светот. Согласно актуелната пандемијата која го разбуди светот дека докторите, медицинските сестрите и целокупниот медицинскиот персонал се најважните личности на денешницата. Здравјето е најскапоценото нешто кое треба да го негуваме.

Денес здравјето е нешто за кое не треба да грешиме и импровизираме, туку во него да инвестираме и вложуваме.

Здравјето нема цена.

Водени од тоа, нашата компанија НИКОБ, лидер во услугите за брза и ефикасна безбедност одлучи да ви го престави идниот иновативен концепт за здравствени услуги кои ќе можат да ги користат сите граѓани, клиенти, но и државата кога ќе има потреба од тоа.

Имаме чест и задоволство да Ве информираме дека наскоро почнува со работа ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ  ќе биде на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорти медицинско обезбедување на јавни настани. Покрај медицинските услуги преку ПЗУ Никоб Лаб обезбедуваме и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови.  На располагање на нашите клиенти ќе бидат 20 врвно обучени медицински тимови, составени од доктори, медицински сестри, опремени со најсовремени амбулантни и санитетски возила во нашата држава и преку интегриран мониторинг систем поврзани со апликација која ќе може да ја поседуваат корисниците на нашите услуги за кои обезбедуваме брза, достапна и квалитетна здравствена услуга.

Почитувани, на овој проект на кој работевме со години и претставува  дел од нашето 25 годишно богато портфолио како лидери во брза реакција, а сега во сихронизација со најсовремените медицински практики ќе биде уникатен концепт во нашата држава. Затоа ние со веќе докажан интегритет го пласираме во услови кога се соочуваме со најразорната пандемија која човештвото ја памети во поновата историја и е со искрена намера да им помогнеме на граѓаните и на здравствениот систем воопшто. Ние сме одлучни во овој предизвик. Одлучивме да инвестираме во здравствени политики и во медицински персонал, свесни дека овој кадар е во заминување и одлучивме да инвестираме во најтешката економска криза за да покажеме дека здравјето на граѓаните нема цена.

Затоа НИКОБ МЕДИКАЛ е 100 отсто приватна инвестиција и ќе ги понуди најфлексибилните, најдостапните и најприфатливите цени на пазарот за услуги за кои бенефит ќе имаат граѓаните и идните клиенти, а ќе бидеме и додадена вредност на здравствениот систем во нашата држава.

ДОАЃА ВИСТИНСКИ ОДГОВОР ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ.

Среќен 7 април, светски ден на здравјето.