Category: Интервјуа

Никоб Медикал, Д-р Моника Јовчевска порачува, Октомври заминува но опасноста од рак на дојка останува

Октомври – месец посветен на борба против ракот на дојката

На глобално ниво, ракот на дојка претставува најчест малигнитет кој што се јавува кај жените. Следствено на тоа е и најчеста причина за смрт кај жените. Податоците укажуваат на тоа дека секоја осма жена во текот на својот живот ќе се соочи со ова заболување, а за позитивен исход од болеста најважно е рана детекција и навремен третман. За рано откривање на ракот на дојката од круцијално значење е самопреглед како и спроведување  на скрининг кај  највулнерабилната популација.

          Иако може да се јави во било која возрасна група, сепак најчесто се јавува кај жени над 50 годишна возраст. Од вкупната бројка на заболени 75% се јавуваат кај жени над 50, а преостанатиот процент се јавува кај жени над 65 годишна возраст. Кај женската популација во Македонија ракот на дојката најчесто се јавува во возрасна група од 45-49 години и 55 до 59 години. 

          Во месец октомври, којшто е посветен на свесноста за ракот на дојката потсетуваме зошто самопрегледот на дојките, познавањето на симптомите кои укажуваат на рак на дојка како и превентивните прегледи значат живот. Податоците кажуваат дека повеќе од 90% од пациентите на кои им е дијагностициран рак на дојката можат да се излекуваат и да имаат квалитетен живот ако им се постави дијагноза во раната фаза. 

          Еден од најчестите симптоми на ракот на дојките е појава на грутка во ткивото на дојките, па секоја таква промена е битно да биде навремено дополнително иследена. Но постојат и други симптоми кои со чести самопрегледи би можело да се детектираат а упатуваат на можна малигна промена на градите:

  1. Оток или осетливост на градата, знак кој многу често знае да биде игнориран од страна на жените поради честото поврзување на промената со предменструалниот синдром
  2. Промена во текстурата на кожата- црвеникава површина со испакнатини, слични на кора од портокал
  3. Исцедок од брадавиците- зеленикав, жолтеникав или крвав
  4. Црвени дамки или модринки се знаци на воспалителен рак на дојката
  5. Промени во изгледот на брадавицата било во формата, големината или бојата (освен ако не се работи за бременост) се знаци за малигнитет на дојката 
  6. Промена на големината или обликот на градите, а промената не е поврзана со промена на телесната тежина, бременост или предменструален синдром
  7. Темните дамки или невообичаените пеги на кожата може да бидат знак за ретка и поагресивна форма на рак на дојка, наречен воспалителен рак на дојка.

          Познавањето на знаците и симптомите кои упатуваат на малигна промена на дојките е битно при самопрегледот на дојките, тоа дава можност за навремено нивно препознавање и соодветно реагирање. Како се прави самопреглед на дојките?

Чекор 1: Застанете пред огледало со рацете на колковите, на овој начин можете да ги видите двете дојки и било какви промени во однос на големината, формата, контурите.

Чекор 2: Кренете ги рацете над вашата глава, гледајте дали градите се движат на ист начин и нотирајте било какви промени во однос на големината, формата, контурите, бојата на кожата

Чекор 3: Спуштете ги рацете и прегледајте ги брадавиците на двете дојки и барајте промени на кожата, исцедок, вовлекување на брадавиците

Чекор 4: Легнете на грб, со перница под вашата глава, едната рака кренете ја и ставете ја под главата, а со другата со показалецот и средниот прст со нежни, кружни движења допирајте ги градите низ целата должина со цел да нотирате промени во текстурата, бојата, големината. Истото повторете го и на другата града.

          Поради пораст на инциденца на јавување на ракот на дојката, од голема важност е спроведување на скрининг помеѓу најпогодената популација. Скринингот за рак на дојка претставува периодично правење на мамографија на здрава женска популација на возраст од 50-69 години, без присутни симптоми, со цел да се открие ракот на дојката во неговиот ран стадиум. Скрининот за рак на дојка во  Македонија е финансиран од Владата од 2006-та година, кога со закон е пропишано дека секоја жена има право на бесплатен скрининг во државните болници.

Д-р Моника Јовчевска

НИКОБ Медикал е иновативна здравствена установа посветена на 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

1 ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ, 1 ГОДИНА БРЗИ, ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ

Во тек на минатата година започнавте со работа, а денес одбележувате 1 година Никоб Медикал и што може да ни претставите за работењето на установата?

Ми претставува чест и задоволство како прво вработена во ПЗУ Никоб Медикал и како Генерален Директор, заеднички со основачот Г-н Кирил Лазаров да создадеме  професионално семејство кое секојдневно расте и е комплетно подготвено да ја обезбеди здравстевната услуга до нашите корисници кога е најпотребно, т.е кога се работи за најважното во животот, а тоа е здравјето.

Третта година живееме во една од најтешките  светски кризи, Ковид-19 пандемија, која покажа слабости во светски здравствени системи, но и во нашиот систем за жал. Неконтинуирана, селективно достапна или целосно недостапна во одредени средини, сериозно се одрази на квалитет на живот, здравје, како и последици по здравјето. Здравствениот систем претставува интегрираност на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Примарната е базата во системот на која се надоврзуваат останатите. Целта и фокусот ние да  на корисникот на услугата-пациент пристапиме со доближување на услугата према место на живеење и тимот према пациентот. Тоа значи да услугата може да се добие во ординација, но и во домашни услови и работна средина. Видот на услуги е според листа на услуги за примарна здравствена заштита. Услугите се достпани со пристапни цени според ценовната политика и севкупно секојдневно успеваме да се стекнуваме со се повеќе доверба од нови корисници на нашите услуги.

Како постигнувате да одговорите на барања на граѓаните и за што највеќе Ве бараат?

Успеваме на начин за кој имавме план и активности и еве една година и имаме реализација. Основачот како еден од најголемите работодавци во државата сериозно вложува во секторот здравство со капитална инвестиција во однос на простор, опрема и кадар. Имено располагаме со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета. Современо просторно уредување и услуги овозможени од квалитетно обучени 25 тима составени од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Покрај базичната обука, 6 доктори поминаа тренинг програм за професионални тренери за укажување на прва помош за професионалци и непрофесионалци, обука за прва помош на место на незгода како и обука за менаџиреање со трауми во екстремни околности.Обуките спроведени во соработка со Rescue Training International CY LTD, членка на WSO-World Safety Organization,USA, Adult&Pediatric First Aid Training Provider,England. Вложуваме во млади и амбициозни тимови кои несебично колегијално го споделуваат знаењето и искуството. Исто така подршка даваме и на 9 доктори кои од есента започнаа со специјализации од различни области. Креирање на сигурна, продуктивна работна средина допринесува максимален квалитет за крајниот корисник на услугите – пациент.

Во тек на годината одговоривме на секој повик и барање од корисниците на услугите од различна природа и етиологија. Во тек на есенските и зимскиве месеци доминира Ковид-19 патологијата, домашни посети за преглед, апликација на терапија, тоалети на рани, преврески, апликација или промена на катетер итн. Секако имаме пациенти кои редовно си закажуваат превентивни пакети за превенција или следење на одредено хронично заболување. Во тек на целиот период имаме медицински транспорти, како и ангажирани сме за медицинско обезбедување на јавни настани. Следење на потребите на заедниците и граѓаните, од есента имаме матичен лекар во Поликлиника Шуто Оризари, а од месец јануари и во Кисела Вода, при што ја зајакнуваме мрежата на матични лекари.

Д-р.Спец.субспец. Баевска Вучковиќ за колку пациенти станува збор и колку услуги овозможивте досега?

 За една година работа реализиравме повеќе од 10 000 интервенции, доверба имаме од 4 600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35 000 километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид на услуги како во градот така и на територија на цела држава и надвор од државата. Практично, нашата девиза е дека ние постоиме за да помогнеме кога е најпотребно, кога се работи за ЖИВОТ!

Што значи брзи и достапни ? Колку е времето за брза интервенција? Која е најдалечна рута која сте ја имале ?

 Располагаме со богат возен парк со најсовремено опремени амбулантни и санитетски возила со кои за градот и околината поставено ни е максимум 30 минути пристигнување согласно локацијата и повикот. Граѓаните не добиваат на 15515 во тек на 24 часа, веб страна и мобилна апликација за закажување на  интервенција/преглед/домашна посета. Медицински транспорти имаме во соседни држави, регионално и како едни од подалечни рути ни се Венеција, Цирих, а најдалечна е Скопје-Бон-Скопје 4000 км постковид пациент со кислородна подршка. Асистираме и при авио медицински транспорти во доставување или превземање на пациент.

Согласно медицинските и санитетските транспорти имаме одлична соработка како со јавните така и со приватните установи кои се на секундарно или терциерно ниво.

Дали ПЗУ Никоб Медикал е општествено одговорна институција?

Како институција сме општествено одговорни и се трудиме да одговориме и помогнеме со рационален пристап согласно потребите .Во таа насока обезбедивме две сериозни донации, едната донација е транспортен инкубатор за родилиштето во Струмица, кое како најголемо во тој регион за прв пат се здоби со сопствен транспортен инкубатор за најранливата категорија на пациенти- новородените. Со тоа допринесуваме во зголемување на квалитетот на услугата кога е потребно да се изврши транспорт на витално загрозено новородено. Исто така кога се работи за децата во делот на оние кои се прикрепени и добиват услуги во Заводот за ментално здравје на деца и младина- Младост, дониравме ЕЕГ стол кој беше потребен за квалитетно спроведување на ЕЕГ дијагностика.

Што можете да ни кажете како заклучок од првата година од Вашето работење и кои се вашите планови за во иднина?

Како професионалец со 24 години работно искуство кој започнал од првата скала, со многу труд, работа, едукација, успешно се искачував и имав можност да ја достигнат највисоката скала како директор на најголемата јавна здравствена установа Здравствен Дом Скопје. Како педијатар-пулмоалерголог работам со следење на раст и развој, па така тој дел од мојата професија, како и бројни едукации за здравствен менаџмент, како сертифициран и лиценциран менаџер за управување на здравствени установи, прифатив предизвик за основање, раст и развој на едно ново дело во приватниот сектор. Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствена услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата за нови достигнувања.

Во блиска иднина планираме проширување на услугата за матичен лекар во делот на гинекологија и педијатрија, како би обезбедиле комплетна услуга за едно семејство се на едно место. Чекор по чекор одиме, се трудиме постепено да растеме и да се унапредуваме.

 Капитална инвестиција од основачот во кризно време на светска криза со Ковид-19 пандемија има исклучително значење за постоењето на ПЗУ Никоб Медикал со можност и достапност на услугите со што се допринесува за зајакнување на капацитетот на националниот здравствен систем во државата.

 

ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА СЕ НАЈВАЖНИТЕ ФАКТОРИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ !

НИКОБ МЕДИКАЛ СЕКОГАШ Е ДОСТАПЕН КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ЗДРАВЈЕ И ЖИВОТ!

НИКОБ Медикал и Никоб Лаб се креирани да бидат системски одговор и 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Од неодамна на пазарот во Македонија функционираат два нови правни субјекти во делот на здравствената заштита на граѓаните, станува збор за Никоб Медикал и Никоб Лаб кои се нови членови во здравствениот систем и кои од неодамна започнаа со достапност на здравствени услуги за пациентите. За  што конкретно станува збор и за какви услуги тие нудат разговаравме со Доктор спец. субспец. Татјана Баевска – Вучковиќ, Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб. 

На самиот почеток ја прашавме доктор Татјана Баевска – Вучковиќ за каква новина станува збор на пазарот и какви услуги нудат ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб.

Таа вели дека станува збор за приватни здравствени установи кои се надвор од мрежата и самостојно финансирани од основачот Никоб Обезбедување.  Идејата потекнува од основачот кој е млад развиен и реализиран работодавач, а воедно и најголем работодавач во државата и кој потикнат од развиеноста на мобилност и теренска логистика, инвестира и основа здравствени установи со кои се овозможува поголема достапност на видот на услуги според дејноста на установите, вели Баевска Вучковиќ.

Таа додава дека ПЗУ Никоб Медикал претставува здравствена установа со здравствени услуги на примарно ниво во ординација како и здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација,  медицински и санитетски транспорт, како и медицинско обезбедување на јавни настани.

Водени од анализите, потребите, современиот начин на живеење, достапноста на примарната здравствена заштита како есенцијална,  придонесе да се развиваме и основаме ваков вид на здравствени услуги за кои сме квалитетно подготвени, брзи и достапни, а се со цел да сме блиски за корисниците на нашите услуги. Целта ни е поголема достапност и искористливост на овој вид на услуги кои сериозно влијаат на квалитетот на живот на секој поединец, вели докторката.

ПЗУ Никоб Лаб е лабораторија со биохемиска и молекуларна дијагностика која според дејноста е установа на секундарно ниво со широка палета на лабораториски услуги, а кои се достапни за корисниците во самата лабораторија но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина.

Располагаме со повеќе мобилни тимови кои земаат материјал теренски, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин допринесуваме доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.

Таа додава дека во делот на биохемиските анализи располагаат со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика. Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање  на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет.  

Се наметна и прашањето за услугите кои тие ги нудат и како граѓаните можат истите да ги користат услуги.

 Доктор Баевска Вучковиќ вели дека корисници на нивните здравствени услуги може да се сите на кои можат да им помогнат кога им е најпотребна здравствената услуга во делот на Медикал со 24 часа достапна медицинска консултација преку бројот 15515, користење на апликација која е приспособена за лесна употреба за секоја возрасна генерација, како и преку веб сајт на кој се објавени сите наши услуги.

Услугите доколку се итни секако се користи 15515, се разговара со пациентот се дава совет,  а доколку има потреба од домашна интервенција, медицински тим од доктор и сестра се упатува према пациентот. Нашата достапност и мобилност се постигнува со амбулантни возила опремени со најсовремена медицинска опрема кои преку интегриран мониторинг систем обезбедуваме брза, достапна и квалитетна услуга. Располагаме со 10 амбулантни возила, 10 санитетски и леки коли за домашна посета, како и 20 медицински тима кои се 24 часа достапни за доближивање на здравствените услуги према место на живеење или работење, вели таа.

Ја прашавме и за превентивните прегледи.

 Докторката вели дека здравствените навики за лична грижа за превенција или следење на одредено хронично засболување го овозможување со превентивен пакет, кој вклучува физикален преглед, мерење на притисок, пулсоксиметрија, ЕКГ, брзи тестови за мерење на шеќер, холестерол, триглицериди и анализа на мокрача, а  согласно наодот следи препорака или совет за понатамошно постапување.

Во период на пандемија кога е отежнат пристапот поради акцент на актуелната состојба на Ковид-19, на овој начин сме блиски и достапни за корисниците. Исто така,  ги овозможуваме сите интервенции по индикација на примарно ниво во ординација или во домашни услови, ординирање на терапија, преврски, тоалета на рана, апликација на катетер, постоперативна нега и грижа, медицински транспорт во градот Скопје, во државата како и можност за меѓународен транспорт, вели таа. 

Живееме во време на пандемија и тука се наметнува прашањето околу услугите поврзани со Ковид 19.

 Водени од достапни и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, во ПЗУ Никоб Лаб обезбеден е посебен павиљон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот, кој ако е за патување се доставува со посебен сертификат со QR код и достапни цени.

Доктор Баевска Вучковиќ вели дека нивната здравствена установа ги следи актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија и подготвена е да стартува со потребните услуги, преку PCR тестирање, брзи антигенски тестови за Ковид-19, како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела. Таа додава дека реагенсите за сите анализи кои ги изработуваат се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската Здравствена Организација. Покрај Rt-qPCR метод на детекција на вирусот, од неодамна ексклузивност поседуваме за RT-LAMP Quiz Biochip метод за детекција на вирусот, светски најнова и врвна технологија каде се употребуваат биочипови за детекција на вирусот.

Предноста е во најсовремена методологија каде времето на позитивност на вирусот е во 5тата минута а негативност на вирусот во 60та минута и на тој начин се добива ултра брз тест со 100% точност без можност за контаминација на материјалот, вели доктор Баевска Вучковиќ.

Согласно актуелната состојба во пресрет и во тек на летните годишни одмори, како и согласно препораките од СЗО за патувања, покрај пунктот во базата на лабораторијата, во тек на месец јуни оперативно сме достапни и со мобилни екипи во градови во внатрешноста, пункт во дворот на Хотел Фламинго и пунк на северната граница. Покрај споменатите услуги ја овозможуваме и на ТАВ Аеродромите во Скопје и Охрид, заклучува таа на  прашањето поврзано со Ковид 19. 

На крај ја прашавме докторката за совет или пак за порака до граѓаните.

Здравјето и безбедноста се важни чинители за здрав, квалитетен и безбеден живот, а ние сме тука во системот тоа да го обезбедиме секогаш кога ќе е најпотребно, вели таа.

Доктор Татјана Баевска Вучковиќ упати благодарност до основачот кој одлучил да инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минутите се важни за живот.

Храброст е денес преку иновативни идеи да се инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минути се важни за живот, нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас, се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е да секој има можност и достапност за услугите, ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги.

Она, што нас не прави посебно среќни и горди и што таргетиравме и профилиравме тим од околу 30 млади доктори, сестри и други медицински работници, како и здравствени соработници биохемичари, лаборанти, молекуларни биолози, административни работници кои најискрено поголем дел од нив веќе имаа желба или веќе беа тргнати својата егзистенција да ја бараат надвор од нашата држава. Но, обуката од адекватни центри и обучувачи , но и интерната академија која сакаме да ја развиваме во преспектива и условите кои ги понудивме, младите доктори решија да бидат дел од тимот на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб.

Нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас. Се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е секој да има можност и достапност за услугите. И ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги, каде секој наш корисник на едно место со се потребно би бил истретиран, заклучува доктор Татјана Баевска Вучковиќ во првото интервју на оваа позиција.