Category: Настани

Тимовите на ПЗУ Никоб Медикал со превентивни мерки за граѓаните за заштита од високите температури

По најавените високи температури деновиве, кои во одредени делови во државава ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, ПЗУ Никоб Медикал започна со делење на вода и информативни флаери со препораки за граѓаните, со цел полесно справување со најавени топлински бранови.

Мобилниот медицински тим на ПЗУ Никоб Медикал, изминатиов викенд на локација во ТЦ Лиса – Тинех во општина Аеродром поделија освежителни пијалоци и ги советуваа граѓаните како најдобро да се заштитат од високите температури, со посебен акцент во заштита на ризичните категории на граѓани, старите лица, лицата со хронични заболувања, бремените жени и малите деца. Препораките се да се избегнува излегување на отворено од 11:00 до 18:00 часот, да се носи лесна и светла облека, капа и заштитни очила за сонце, конзумирање на лесна храна и зеленчук и овошје, внес на течности, избегнување на алкохол и мрсна храна, конзумирање на термичко обработена храна редовно земање на соодветната терапија пропишана од доктор.

Доколку имате здравствени проблеми во овој период на располагање се медицинските тимови на Никоб Медикал 24/7 со апликација на терапија во домашни услови и медицинска консултација на телефонскиот број 15 515

Како општествено одговорна здравствена установа, ќе продолжиме со теренските препораки и делењето на освежителни напитоци во следниот период во делот на заштита на здравјето на граѓаните во град Скопје, а следната активност ќе биде на локацијата на паркингот пред ТЦ Зебра – Тинех на 27.07.2022 Среда од 17:30 до 18:30 часот.

Со почит,

ПЗУ Никоб Медикал

НИКОБ Mедикал со поддршка и презентација на 43 Меѓународен медицински научен конгрес во Охрид

НИКОБ Mедикал со голем интерес го поддржа 43 Меѓународен медицински научен конгрес во организација на Македонската медицинска студентска асоцијација кој се одржува од 20 Мај до 24 Мај во Охрид, а ММСА е најстарата студентска медицинска организација во државата, создадена заедно со формирањето на медицинскиот факултет во Скопје, и е преставник на повеќе од 2500 студенти по медицина, а со оваа традиција е носител на титулата најстар конгрес на студенти и млади доктори во Источна Европа

Интернационалниот Медицински научен конгрес претсавува 4-дневен настан каде што повеќе од 300 студенти по медицина и млади доктори имаат шанса да го надоградат своето знаење од еминентни домашни и странски професори и предавачи.

НИКОБ Медикал како здравствена установа поддржува и промовира медицинска, социјална и јавно-здравствена едукација.

Директорката на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Д-р Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ на 20 Мај имаше поздравен и воведен говор на отварањето на конгресот, а следниот ден на 21 Мај, директорката учествуваше во работилницата со видео презентација на темата НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб – презентација на капацитети, ресурси и вид на услуга, а веднаш потоа студентите кои беа дел од работилницата имаа можност во живо да учествуваат во демонстрирање на капацитетите на медицинските тимови на НИКОБ Медикал, со тренинг симулација на брзата медицинска интервенција со две високо  опремени амбулантни возила и со ресурсите и капацитетите со кои располагаат.

Студентите покажаа особен интрес и активно учествуваа во работилницата на НИКОБ Медикал и се стекнаа со нови вештини и едукации во областа на интервентната медицина.

ЕДНА ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ – Постоиме заради Вас слушајќи го вашиот глас


Почитувани граѓани, Една година заедно со Вас се соочивме со предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД -19. Одговоривме на секој Ваш повик, пристапивме кон секој ваш здравствен предизвик и заедно ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите желби. За една година созадовме кадар од 80 високо обучени млади доктори, сестри и медицински персонал, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, секогаш достапни, брзи и ефикасни, а на располагање имате и 10 најмодерни санитетски возила кои беа за неколку минути во вашите домови во Скопје и пошироко. Чест ни е што 4600 задоволни клиенти ги користеа нашите пакети на услуги, а реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35 000 километри во меѓународен транспорт и брзо стигнавме и до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и Цирих. Но, тука не застануваме, ќе продолжиме уште побрзо, подостапно и поквалитетно, и што е исто така важно, со цени прилагодени според економскиот стандарт на граѓаните.

Со почит

НИКОБ МЕДИКАЛ

Никоб Медикал со поддршка на ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА 2021

Изминатиов викенд од 16 до 18 јули во Хотел Десарет во Охрид се одржа летната школа за студенти по медицина каде што беа вклучени бројни предавања и работилници од неколку области, каде што студентите имаа можност да ги надополнат своите практични знаења.

Настанот  беше поддржан од Никоб Медикал, Министерство за здравство на Република Северна Македонија, Медицински факултет при УКИМ во Скопје, Македонско Лекарско Друштво, Медицински Симулациски Центар, а беше организиран од страна на Здружениетото на студенти по медицина ЗСМ, во соработка со Факултетското студентско собрание на Медицински факултет во Скопје, Европската медицинска студентска асоцијација ЕМСА Македонија и Македонската медицинска студентска асоцијација ММСА.

На свечено отварање на настанот се обратија деканот на Медицински факултет при УКИМ во Скопје, проф д-р Соња Топузовска, министерот за здраввство, доц д-р Венко Филипче, претседателот на Македонското лекарско друштво, проф д-р Горан Димитров и директорката на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб, д-р Татјана Баевска Вучковиќ.

Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ, ја истакна благодарноста за присуството на оваа “Летна школа за студенти по медицина”, каде што студентите по медицина се запознаа одблиску со услугите и дејностите на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб.

ПЗУ Никоб Медикал, приватна здравствена установа на примарно ниво со здравствени услуги во ординација и во домашни услови, преку домашна посета со сите услуги кои може да се обезбедат на примарно ниво, медицински транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Целта ние да сме блиски, достпани, брзи и квалитетни за секој кому сме потребни. Некогаш минути, секунди значат живот. Располагаме со 20 тина медицински тимови, високо обучени за работа по стндари на МБД( Медицина базирана на докази)  и протоколи за работа, 7 најсовремени опремени амбулантни возила, две санитетски и три леки коли. Возилата можат да обезбедат транспорт во градот, во државата и надвор од државата.”

 Д-р Баевска Вучковиќ ја истакна благодарност до основачот г-н Кирил Лазаров како млад и амбициозен работодавец, човек со визија која се реализира и е оперативно функционална, а сето во насока на блиска и достапна услуга кога е најпотребна, каде што со години се минимизира значењето на базата на здравствениот систем и најмалку се вложува, а пандемијата ја покажа и докажа важноста на таа служба.

Вработуваме млади колеги во кои инвестираме знаење и работно искуство и креираме стабилна и предвидлива иднина. Овој настан е одлична можност за претставување на нашите услуги, со надеж дека дел од младите доктори што се тука присутни на оваа “Летна школа за студенти по медицина” ќе бидат наши колеги во иднина – истакна д-р Татјана Баевска Вучковиќ.

Здравјето и безбедноста, едни од најважните фактори во секојдневието, клучни за дефинирање на квалитетот на живот и живеење.

Обраќање на Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ – Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб на присутните при одржување на стручна и научна конференција од страна на Асоцијација за корпоративна безбедност  “Форензичка дејност и приватно обезбедување во услови на пандемија со Ковид-19 – состојби и предизвици”.

Почитувани,

Ми претставува огромна чест и задоволство да се обратам на присутниот аудиториум,  да Ве поздравам и посакам успешна и плодна стручна и научна конференција во организација на Асоцијацијата за корпоратитвна безбедност, а воедно и да се заблагодарам за учеството на организаторот.

Здравјето и безбедноста посекако се два важни фактори во секојдневието кои се клучни во дефинирање на квалитет на живот и живеење.

Изминатава година ипол живееме во можеби за нас најголем предизвик и закана за здравјето, безбедноста и животот, актуелната Ковид-19 пандемија, која покрај непредвидлив и донекаде непознат ток на болеста, присуството на пост ковид симптоматологија, како и нарушување на социјална комуникација сериозно се одрази и на менталното здравје. Сеуште е рано да се дефинираат последиците од сета ова криза која ја живееме, но сериозно се одрази на пристапот и достапноста на здравствените услуги на секое ниво посебно во делот на примарната здравствена заштита која според Уставот на државата е задолжителна за секој граѓанин.

Во таа насока од неодамна започна со работа ПЗУ Никоб Медикал, приватна здравствена установа на примарно ниво со здравствени услуги во ординација и во домашни услови преку домашна посета со сите услуги кои може да се обезбедат на примарно ниво, медицински транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Целта ние да сме блиски, достпани, брзи и квалитетни за секој кому сме потребни. Некогаш минути, секунди значат живот. Располагаме со 20 тина медицински тимови, високо обучени за работа по стндари на МБД( Медицина базирана на докази)  и протоколи за работа, 7 најсовремени опремени амбулантни возила, две санитетски и три леки коли.  Возилата можат да обезбедат транспорт во градот, во државата и надвор од државата.  Благодарност до основачот г-н Кирил Лазаров како млад и амбициозен работодавец, човек со визија која се реализира и е оперативно функционална а сето во насока на блиска и достапна услуга кога е најпотребна. Со години се минимизира значењето на базата на здравствениот систем и најмалку се вложува, а пандемијата ја покажа и докажа важноста на таа служба. Инвестицијата е комплетно приватна, вработуваме млади колеги во кои инвестираме знаење и работно искуство и креираме стабилна и предвидлива иднина.

Како надополнување на медицинскиот дел од неодамна започна со работа и ПЗУ Никоб Лаб – дијагностичка лабораторија, која дава услуги во делот на биохемиска и молекуларна дијагностика, која е опремена со најсофистицирана апаратура, интегриран биохемиски аналајзер, тестови на листа на СЗО и високо професионален кадар.

Во таа насока можностите со кои располагаме нудат на граѓаните доближување на услугите према место на живеење посебно во делот на Ковид-19 тестирање. Од 24.6 покрај базата во Кисела Вода, започнаа со работа 5 дистални пунктови и тос на следните локации- Табановце, Дојран, Гевгелија, Аеродромите Скопје и Охрид. На овој начин со пунктовите покрај нашите граѓани, овозможуваме и странски државјани кои транзитираат да можат да имаат достапна услуга, а тоа би се одразило и на економијата.

За релативно кратко време на работење имаме договори за соработка како со приватни така и со јавни здравствени установи меѓу кои и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Заедно коопретивни сериозно можеме да допринесеме во олеснување и достапност на услуги за граѓаните, да се безбедни и сигурни во нас кога сме им најпотребни.

Со Почит,

Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ

Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб

Скопје, 26.6.2021г