• Почетна
  • За нас
    • За Никоб Медикал
    • Ценовник
  • Услуги
    • Никоб Лаб
    • Домашна посета
      • Превентивен пакет
      • Ковид-19 пакети
      • Медицински пакет по индикација
    • Телефонска консултација
    • Медицински транспорт
    • Медицинско обезбедување
  • Галерија
  • Новости и промоции
  • Контакт и локации
  • Почетна
  • За нас
    • За Никоб Медикал
    • Ценовник
  • Услуги
    • Никоб Лаб
    • Домашна посета
      • Превентивен пакет
      • Ковид-19 пакети
      • Медицински пакет по индикација
    • Телефонска консултација
    • Медицински транспорт
    • Медицинско обезбедување
  • Галерија
  • Новости и промоции
  • Контакт и локации
  • Почетна
  • За нас
    • За Никоб Медикал
    • Ценовник
  • Услуги
    • Никоб Лаб
    • Домашна посета
      • Превентивен пакет
      • Ковид-19 пакети
      • Медицински пакет по индикација
    • Телефонска консултација
    • Медицински транспорт
    • Медицинско обезбедување
  • Галерија
  • Новости и промоции
  • Контакт и локации
  • Почетна
  • За нас
    • За Никоб Медикал
    • Ценовник
  • Услуги
    • Никоб Лаб
    • Домашна посета
      • Превентивен пакет
      • Ковид-19 пакети
      • Медицински пакет по индикација
    • Телефонска консултација
    • Медицински транспорт
    • Медицинско обезбедување
  • Галерија
  • Новости и промоции
  • Контакт и локации
Home Интервјуа Бенигна хиперплазија на простата

Бенигна хиперплазија на простата

Бенигната хиперплазија на простатата е состојба која се јавува како последица на зголемување на волуменот на простатата, што доведува до деформација и истегнување на мочниот канал, што е причина за симптомите на БХП (Бенигна хиперплазија на простата). Простата е машка полова жлезда, сместена зад мочниот канал, чија главна функција е производство на поголем дел од семената течност, која служи за транспорт и храна на сперматозоидите. БПХ всушност претставува прекумерен раст и размножување на клетки во централниот дел на простатата, кои се од неканцерогено потекло.

Причините за појава на БХП се уште не се доволно разјаснети, но постоечките теории примарно се поврзани со зголеменото ниво и конверзија на тестостерон во DHT (5 алфа – дихидротестостерон), кој е примарен андроген стиулатор на растот на простата. Иако овој феномен во целост не може да се објасни, потојат докази дека по 40 – 45та година доаѓа до промена во рамнотежата на хормоните – што влијае врз појавата на БХП, особено кај постарата популација. Затоа ова е најчестото заболување кај мажите после 50тата година. Инциденцата секако се зголемува со возраста. Фамилијарната анамнеза и потеклото се вклучени како ризик фактори за БХП.

Симптомите кои се јавуваат како последица од БХП, се предизвикани од зголеменото ткиво кое врши притисок на мочниот канал (уретра). Уретрата се деформира, се издолжува и добива поинаков облик. Како резултат на ова стеснување, доаѓа до делумно или целосно затворање на уретрата и мочниот меур, при што уретралниот мускул почнува да работи понапорно за да го надмине отпорот и за да може нормално да ја исфрли урината. Зголемувањето на простатата може да го блокира истекувањето на урината од мочниот меур и да предизвика проблеми поврзани со уринарниот тракт и бубрезите.

Најчестите симптоми асоцирани со БХП се:

◊ забавено или одложено мокрење

◊ дисконтинуитет на млазот при празнење на мочниот меур

◊ ноктурија (често мокрење во тек на ноќта)

◊ дизурија (болка при мокрење)

◊ уринарна ретенција (задршка на урина)

◊ хематурија (појава на крв во урина)

◊ инконтиненција (неконтролирано истекување на урина)

Испитувањата кои се сметаат за корисни за рана детекција на БХП вклучуваат:

◊ PSA – специфичен антиген на простата, кој се детектира во крв

◊ дигиторектален преглед – преглед на простата преку анален отвор

◊ мерење на проток на урина (кај мажи со БПХ е помала од 10ml/sec)

◊ мерење на преостаната урина (количина на урина која останува во мочниот меур по мокрењето)

◊ тест за уринарен притисок при мокрење

◊ цистоуретрограм

◊ цистоскопија

Третманот на БХП зависи од возраста, фазата до која еволуирала болеста и волуменот на простатата. Во првата фаза од болеста се користат лекови за да се спречи нејзиниот развој. Како најзначајни се: Алфа 1- блокери ( оксазозин, тамсулозин, теразозин – 74% од лекуваните пациенти пријавиле подобрување на симптоите), Алфа 5- редуктаза инхибитори (финастерид, дутастерид), комбинирана терапија (се смета дека комбинацијата на алфа блокери и инхибитори на алфа 5-редуктазата може да биде најдобрата терапија за БХП). Оперативниот зафат е последниот одговор на третманот кој има за цел да го продолжи животот на пациентот. Трансуретрална ресекција на простата (ТУРП) – како најчеста хируршка процедура, дала подобрување на симптомите кај 88% од третираните пациенти; трансуретрален засек на простата (ТУИП) – подобрување на симптомите кај 80% од третираните пациенти; отворена простактетомија – подобрување на симптомите кај 98% од третираните пациенти.

Најчестите компликации асоцирани со нетретирана БХП вклучуваат: акутна или хронична уринарна ретенција, бактериска инфекција на уринарен тракт, бубрежни камчиња и бубрежна инсуфициенција.

Промени во начинот на исхрана, животниот стил и редовната физичка активност допринесуваат за подобрување на симптомите предизвикани од БХП. Редовните контроли кај специјалист – уролог се од незаменлива значителност. Раниот скрининг кај пациентите, особено при првата појава на симптоми, го редуцира ризикот од компликации и води до унапредување на машкото здравје.

97 Views
8
Цереброваскуларен инсулт - трета причина за смрт, прво место по инвалидитет во светотЦереброваскуларен инсулт - трета причина за смрт, прво место по инвалидитет во светот
<strong>Самопреглед на дојка во домашни услови, прв чекор до здрави дојки</strong><strong>Самопреглед на дојка во домашни услови, прв чекор до здрави дојки</strong>

Related Posts

Интервјуа

НИКОБ Медикал и Никоб Лаб се креирани да бидат системски одговор и 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Read More
Интервјуа

Како да ги разликуваме грипот и настинката?

Read More
Featured author image: Бенигна хиперплазија на простата

Социјални мрежи

Пребарувај
Најнови објави
  • Месец март е Меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево
  • Самопреглед на дојка во домашни услови, прв чекор до здрави дојки
  • Бенигна хиперплазија на простата
  • Цереброваскуларен инсулт – трета причина за смрт, прво место по инвалидитет во светот
  • Пост ковид депресија
Архива
  • March 2023 (2)
  • February 2023 (4)
  • January 2023 (2)
  • December 2022 (2)
  • November 2022 (3)
  • October 2022 (2)
  • September 2022 (1)
  • July 2022 (3)
  • June 2022 (1)
  • May 2022 (2)
  • March 2022 (2)
  • July 2021 (1)
  • June 2021 (2)
  • April 2021 (3)
Facebook
Linkedin
Instagram
Информации
admin-phone
Мобилна апликација

Политика на приватност  Услови за користење   © 2022, Никоб Медикал. Сите права се задржани

Колачиња и политика на приватност

Оваа веб-странa користи колачиња(cookies). Колачињата(cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Со кликнување на "Се согласувам" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.

Се согласувам Не се согласувам
Cookie Settings