Како да ги разликуваме грипот и настинката?
Грипот и настинката се две различни болести. Настинката е релативно безопасна и проаѓа сама од себе во рок од неколку дена, иако некогаш може да дојде до компликации. Грипот исто така може да предизвика компликации, како што се воспаление на белите дробови, па дури и смрт. За разлика од грипот, симптомите на настинка повеќе се последица на имуната реакција на инфекцијата, отколку оштетувања на ткивата предизвикани од самиот вирус. Меѓутоа, симптомите на настинка и грип, често се преклопуваат и затоа е многу важно да се согледа разликата меѓу нив, со тоа и детално да се пратат нивните симптоми, се со цел полесно да се постави дијагноза. Иако се неспецифични, најчести симптоми на грипот се покачена телесна температура и кашлица, (барем кај лицата помлади од 60 години), додека кај настинката кашлицата е поумерена (блага) дури и отсутна во 50% од случаевите), температурата е поретко изразена, додека воглавно доминираат симптоми поврзани со слузницата на горните дишни патишта, носот и грлото.
СИМПТОМ | НАСТИНКА | ГРИП |
Температура | Ретко кај возрасни лица – обично благо покачена, често кај мали деца и постари лица, како и лица со нарушено здравје | Секогаш висока (повисока од 39°C во траење од најмалце 3-4 дена) |
Затнат нос | Вообичаено | Понекогаш |
Течење од нос | Вообичаено | Ретко |
Кивање | Вообичаено | Понекогаш |
Болка во грло | Вообичаена | Понекогаш |
Кашлица | Блага до умерена сува кашлица (без искашлување на секрет) | Вообичаена, сува кашлица која најчесто преминува во продуктивна |
Главоболка | Понекогаш | Вообичаена, долготрајна |
Болка во мускули и коски | Понекогаш, умерени ( благи) | Вообичаени,често јаки |
СИМПТОМ | НАСТИНКА | ГРИП |
Замор и општа слабост | Многу умерени (благи) | Изразени, може да траат и 2 до 3 недели |
Изразена исцрпеност | Никогаш | На почетокот и во текот на болеста |
Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно во носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчест причинител.
Симптомите се должат на одговорот на имунолошкиот систем на инфекцијата, а не на оштетувањето на ткивото од самите вируси. Миењето раце е главен метод за спречување на инфекции. За настинката нема лек, но може да се лекуваат симптомите. Таа е најчестата заразна болест кај луѓето. Просечен возрасен човек годишно заболува два до трипати од настинка. Просечно дете од настинка заболува помеѓу шест и дванаесет пати во годината.
Знаци и симптоми Најчестите симптоми на настинка се кашлица, течење на носот, затнување на носот и болки во грлото. Дополнителни симптоми може да се и болка во мускулите (мијалгија), чувство на умор, главоболка и губење на апетитот. Треската е невообичаен симптом кај возрасните, но често се јавува кај бебињата и кај помалите деца. Кашлицата предизвикана од настинка обично е поблага за разлика од кашлицата што ја предизвикува грипот (инфлуенца). Кашлицата и треската покажуваат голема веројатност за грип (инфлуенца) кај возрасните. Настинката обично започнува со чувство на умор, кивање и главоболка. Дополнителни симптоми како растечен нос и кашлица се јавуваат во следните два-три дена. Обично симптомите најмногу се влошуваат два или три дена откако почнала инфекцијата. Вообичаено, се губат за седум до десет дена, но можат да траат и до три седмици.
Пренесување Вирусот на настинката обично се пренесува со вдишување или голтање на капки во воздухот што го содржат вирусот. Или со контакт на заразена носна слуз или со контаминирани предмети. Вирусите можат да преживеат подолг временски период во околината. Пренесувањето е често во градинките и во училиштата поради блискиот меѓусебен контакт на многу деца со послаб имунитет и, често, поради слаба хигиена. Овие
инфекции често се пренесуваат и дома, на другите членови на семејството. Настинката предизвикана од риновирусот најчесто е заразна во првите три дена од појавувањето на симптомите.
Лекување на настинка Моментално не постои антивирусен лек кој би можел да ја излечи настинката или да го скрати нејзиното траење. Не постои ни лек кој моментално ги отстранува симптомите на настинка и грип. Сепак, постојат голем број на лекови и
третмани кои помагаат да се намалат симптомите на настинка и грип (симптоматска терапија):
- повеќе компонентни комбинирани лекови (воглавно наменети за лекување на повеќе симптоми наеднаш), на пр. Rhinostop
- деконгестиви (против затнат нос),
- антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (ја поттикнуваат продуктивната кашлица и го олеснуваат искашлувањето)
- антихистаминици (против зголемена секреција на секрет од нос, против кашлица)
- аналгетици и антипиретици (ги намалуваат болките и ја снижуваат покачената телесна температура) на пр. Paracetamol
- перорални антисептици (против болка во грло)
- одмор
- зголемен внес на течности
- избегнување на конзумирање на алкохол и пушење
Грип
Кај просечните пациенти симптомите на грипот го постигнуваат својот максимум на
изразеност во третиот ден. Високата температура и болките, обично траат од три до пет дена, но кашлицата, чувството на замор може да потраат значително подолго и до
неколку седмици. Грипот може да предизвика и појава на мачнина, болка во стомак, повраќање и пролив, овие симптоми се многу ретко изразени кај возрасни, но може почесто да се појават кај деца, особено оние кои боледуваат од грип предизвикан од вирусот на типот Б.
Околу 30% од пациентите кои боледуваат од грип, немаат симптоми. Од друга страна грипот може директно да предизвика вирусно воспаление на белите дробови пропратено со отежнато дишење. Доколку се смета дека пациентот почнува да оздравува, а при тоа покачената телесна температура повторно се јавува, тоа претставува знак дека можеби станува збор за секундарно бактериско воспаление на белите дробови.
Лекување на грип
Докторот може да одреди специфичен начин на третман на грипот, врз основа на:
- возраста на пациентот, неговата здравствена состојба и неговата медицинска историја
- типот и прошиеноста на грипот како и тежината на симптомите
- очекуваниот тек на болеста
Целта и лечењето на грипот е да се спречи или да се ублажи развојот на тешки симптоми. Третманот може да содржи:
- повеќекомпонентни комбинирани препарати (главно наменети за лечење на повеќе симптоми наеднаш), на пр. Rhinostop
- деконгестиви (против затнат нос),
- антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (поттикнуваат продуктивна кашлица и го олеснуваат искашлувањето
- антихистаминици ( против зголемена секреција од нос, против кашлица)
- аналгетици и антипиретици (намалуваат болка и ја намалуваат покачената телесна температура), на пр. Paracetamol
- перорални антисептици (против болка во грло)
- одмарање
- зголемен внес на течности
- избегнување на конзумација на алкохол и пушење
- антивиротици (лекови кои делуваат против вируси), кои понекогаш може малку да го скратат траењето на болеста, но не може да ја излекуваат.
Пред почнување на сезоната на грип, примањето на вакцина против грип може да ги намали шансите да се заразите. Сепак, ефективноста на вакцината против грип зависи од голем број различни фактори, вклучително и вашата возраст, општото здравје, времето кога ќе ја примите вакцината и колку добро е прилагодена на доминантните видови на грип за тековната сезона. Сепак, антибиотиците не се соодветен третман за грип бидејќи се дизајнирани за лекување на бактериски инфекции и немаат ефект врз вирусни инфекции.
Може да изберете да користите лекови без рецепт за менаџирање на симптомите на грип. Лековите без рецепт можат да ви помогнат во намалување на треската, температурата, болките и конгестијата, тие директно не влијаат на текот на инфекцијата со вирусот на грип и не го намалуваат ризикот за пренесување на инфекцијата на други лица. Доколку имате ризик од компликации поврзани со грип веднаш да се консултирате со вашиот лекар.
Исто така, постојат антивирусни третмански опции кои имаат за цел менаџирање на инфекцијата со грип. Антивирусните лекови против грип, за кои се покажало дека не само што го скратуваат времетраењето на симптомите на грип, исто така можат да го намалат и ризикот од тешко заболување имаат најголема придобивка ако се земат веднаш по појавата на првите симптоми.