Како да ги разликуваме грипот и настинката?

Грипот и настинката се две различни болести. Настинката е релативно безопасна и проаѓа сама од себе во рок од неколку дена, иако некогаш може да дојде до компликации. Грипот исто така може да предизвика компликации, како што се воспаление на белите дробови, па дури и смрт. За разлика од грипот, симптомите на настинка повеќе се последица на имуната реакција на инфекцијата, отколку оштетувања на ткивата предизвикани од самиот вирус. Меѓутоа, симптомите на настинка и грип, често се преклопуваат и затоа е многу важно да се согледа разликата меѓу нив, со тоа и детално да се пратат нивните симптоми, се со цел полесно да се постави дијагноза. Иако се неспецифични, најчести симптоми на грипот се покачена телесна температура и кашлица, (барем кај лицата помлади од 60 години), додека кај настинката кашлицата е поумерена (блага) дури и отсутна во 50% од случаевите), температурата е поретко изразена, додека воглавно доминираат симптоми поврзани со слузницата на горните дишни патишта, носот и грлото.

СИМПТОМНАСТИНКАГРИП
  ТемператураРетко кај возрасни лица – обично благо покачена, често кај мали деца и постари лица, како и лица со нарушено здравјеСекогаш висока (повисока од 39°C во траење од најмалце 3-4 дена)
Затнат носВообичаеноПонекогаш
Течење од носВообичаеноРетко
КивањеВообичаеноПонекогаш
Болка во грлоВообичаенаПонекогаш
  КашлицаБлага до умерена сува кашлица (без искашлување на секрет)Вообичаена, сува кашлица која најчесто преминува во продуктивна
ГлавоболкаПонекогашВообичаена, долготрајна
Болка во мускули и коскиПонекогаш, умерени ( благи)Вообичаени,често јаки
СИМПТОМНАСТИНКАГРИП
  Замор и општа слабост  Многу умерени (благи)Изразени, може да траат и 2 до 3 недели
Изразена исцрпеностНикогашНа почетокот и во текот на болеста

Обичната настинка, позната и   како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно во носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчест причинител.

Симптомите се должат на одговорот на имунолошкиот систем на инфекцијата, а не на оштетувањето на ткивото од самите вируси. Миењето раце е главен метод за спречување на инфекции. За настинката нема лек, но може да се лекуваат симптомите. Таа е најчестата заразна болест кај луѓето. Просечен возрасен човек годишно заболува два до трипати од настинка. Просечно дете од настинка заболува помеѓу шест и дванаесет пати во годината.

Знаци и симптоми Најчестите симптоми на настинка се кашлица, течење на носот, затнување на носот и болки во грлото. Дополнителни симптоми може да се и болка во мускулите (мијалгија), чувство на умор, главоболка и губење на апетитот. Треската е невообичаен симптом кај возрасните, но често се јавува кај бебињата и кај помалите деца. Кашлицата предизвикана од настинка обично е поблага за разлика од кашлицата што ја предизвикува грипот (инфлуенца). Кашлицата и треската покажуваат голема веројатност за грип (инфлуенца) кај возрасните. Настинката обично започнува со чувство на умор, кивање и главоболка. Дополнителни симптоми како растечен нос и кашлица се јавуваат во следните два-три дена. Обично симптомите најмногу се влошуваат два или три дена откако почнала инфекцијата. Вообичаено, се губат за седум до десет дена, но можат да траат и до три седмици.

Пренесување Вирусот на настинката обично се пренесува со вдишување или голтање на капки во воздухот што го содржат вирусот. Или со контакт на заразена носна слуз или со контаминирани предмети. Вирусите можат да преживеат подолг временски период во околината. Пренесувањето е често во градинките и во училиштата поради блискиот меѓусебен контакт на многу деца со послаб имунитет и, често, поради слаба хигиена. Овие

инфекции често се пренесуваат и дома, на другите членови на семејството. Настинката предизвикана од риновирусот најчесто е заразна во првите три дена од појавувањето на симптомите.

Лекување на настинка Моментално не постои антивирусен лек кој би можел да ја излечи настинката или да го скрати нејзиното траење. Не постои ни лек кој моментално ги отстранува симптомите на настинка и грип. Сепак, постојат голем број на лекови и

третмани кои помагаат да се намалат симптомите на настинка и грип (симптоматска терапија):

  • повеќе компонентни комбинирани лекови (воглавно наменети за лекување на повеќе симптоми наеднаш), на пр. Rhinostop
  • деконгестиви (против затнат нос),
  • антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (ја поттикнуваат продуктивната кашлица и го олеснуваат искашлувањето)
  • антихистаминици (против зголемена секреција на секрет од нос, против кашлица)
  • аналгетици и антипиретици (ги намалуваат болките и ја снижуваат покачената телесна температура) на пр. Paracetamol
  • перорални антисептици (против болка во грло)
  • одмор
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумирање на алкохол и пушење

Грип

Кај просечните пациенти симптомите на грипот го постигнуваат својот максимум на

изразеност во третиот ден. Високата температура и болките, обично траат од три до пет дена, но кашлицата, чувството на замор може да потраат значително подолго и до

неколку седмици. Грипот може да предизвика и појава на мачнина, болка во стомак, повраќање и пролив, овие симптоми се многу ретко изразени кај возрасни, но може почесто да се појават кај деца, особено оние кои боледуваат од грип предизвикан од вирусот на типот Б.

Околу 30% од пациентите кои боледуваат од грип, немаат симптоми. Од друга страна грипот може директно да предизвика вирусно воспаление на белите дробови пропратено со отежнато дишење. Доколку се смета дека пациентот почнува да оздравува, а при тоа покачената телесна температура повторно се јавува, тоа претставува знак дека можеби станува збор за секундарно бактериско воспаление на белите дробови.

Лекување на грип

Докторот може да одреди специфичен начин на третман на грипот, врз основа на:

  • возраста на пациентот, неговата здравствена состојба и неговата медицинска историја
  • типот и прошиеноста на грипот како и тежината на симптомите
  • очекуваниот тек на болеста

Целта и лечењето на грипот е да се спречи или да се ублажи развојот на тешки симптоми. Третманот може да содржи:

  • повеќекомпонентни комбинирани препарати (главно наменети за лечење на повеќе симптоми наеднаш), на пр. Rhinostop
    • деконгестиви (против затнат нос),
    • антитусици (против сува кашлица) и секретолитици/експекторанси (поттикнуваат продуктивна кашлица и го олеснуваат искашлувањето
    • антихистаминици ( против зголемена секреција од нос, против кашлица)
    • аналгетици и антипиретици (намалуваат болка и ја намалуваат покачената телесна температура), на пр. Paracetamol
    • перорални антисептици (против болка во грло)
  • одмарање
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумација на алкохол и пушење
  • антивиротици (лекови кои делуваат против вируси), кои понекогаш може малку да го скратат траењето на болеста, но не може да ја излекуваат.

Пред почнување на сезоната на грип, примањето на вакцина против грип може да ги намали шансите да се заразите. Сепак, ефективноста на вакцината против грип зависи од голем број различни фактори, вклучително и вашата возраст, општото здравје, времето кога ќе ја примите вакцината и колку добро е прилагодена на доминантните видови на грип за тековната сезона. Сепак, антибиотиците не се соодветен третман за грип бидејќи се дизајнирани за лекување на бактериски инфекции и немаат ефект врз вирусни инфекции.

Може да изберете да користите лекови без рецепт за менаџирање на симптомите на грип. Лековите без рецепт можат да ви помогнат во намалување на треската, температурата, болките и конгестијата, тие директно не влијаат на текот на инфекцијата со вирусот на грип и не го намалуваат ризикот за пренесување на инфекцијата на други лица. Доколку имате ризик од компликации поврзани со грип веднаш да се консултирате со вашиот лекар.

Исто така, постојат антивирусни третмански опции кои имаат за цел менаџирање на инфекцијата со грип. Антивирусните лекови против грип, за кои се покажало дека не само што го скратуваат времетраењето на симптомите на грип, исто така можат да го намалат и ризикот од тешко заболување имаат најголема придобивка ако се земат веднаш по појавата на првите симптоми.

Секундарни манифестации и доцни компликации на КОВИД-19

Според сите досегашни сознанија од различни објавени студии, истражувања, статистики, како за примарната акутна КОВИД инфекција, така и за секундарните манифестации кои се водат како компликации нa инфекцијата, неминовно се доаѓа до заклучок дека SARS-CoV-2 инфекцијата e подеднакво опасна за сите органски системи, а не само за респираторните органи, кои беа во преден план на почетокот на пандемијата. Со стивнувањето на огнот кој го предизвика наглиот почеток на светската пандемија, така вниманието се префрла на КОВИД-19 како системска болест која е мултидимензионална и последиците од истата ќе го прогонуваат човекот.
Процентуалната застапеност на системските, вон-пулмонални промени при SARS-CoV-2 инфекција е во значителен пораст со секој одминат ден, а нивната сериозност е далеку од занемарувачка и кон нив треба да се постапи со висока претпазливост поради многу високата заразност на самиот причинител, и да се третираат и следат внимателно поради ризикот да резултираат со трајни последици кон здравјето на пациентот, како и опасноста по живот која доаѓа со нив.

Клиничката презентација на KOВИД-19 многу варира, често со респираторни компликации како главна карактеристика. SARS-CoV-2 е карактеристичен по тоа што голем број пациенти развиваат долгорочни компликации на вирусот. Надвор од првичните извештаи за пациентите кои се чувствуваат „уморни“ со месеци по првичната инфекција, долготрајниот КОВИД-19 се манифестира со широк спектар на компликации и последици од симптоми што може да се појават. Претходни студии покажале голем број на потенцијални доцни компликации можни по инфекција со КОВИД-19; тие вклучуваат фиброза на белите дробови, венски тромбоемболизам (ВТЕ), артериски тромбози, срцева тромбоза и воспаление, мозочен удар, дерматолошки компликации и целокупни дисфункции на расположението. Иако опсегот на овие долгорочни компликации е широк, специфичните атрибути на пациентите се покажаа како предвидливи за тоа кои симптоми ќе ги развијат и колку долго.

Во продолжение презентираме неколку клучни компликации кои можат да се појават, вклучувајќи кардиоваскуларни, хематолошки, пулмонални, дерматолошки, офталмолошки и други повреди.

Респираторни компликации пост прележан КОВИД-19
Иако SARS-CoV-2 може да има широки влијанија низ телото, КОВИД-19 останува претежно респираторно заболување. Има многу одложени белодробни компликации опишани по инфекцијата СОВИД-19. Тие вклучуваат, но не се ограничени на, диспнеа, зависност од вентилатор, зависност од кислород, абнормалности на пулмоналниот функционален тест (ПФТ) и фиброзно белодробно заболување. Најчестиот белодробен симптом пријавен по КОВИД-19 е диспнеа, која опстојува кај 20%-50% од пациентите ~два месеци по почетокот на симптомите. Покрај субјективните симптоми, инфекцијата со SARS-CoV-2 може да резултира со долгорочни објективни промени во пулмоналната физиологија.

Кардиолошки компликации
Срцевите симптоми се честа поплака по излегувањето од болница по прележан КОВИД-19. Повеќе студии тврдат дека болка во градите се јавува кај 15-21% од пациентите 60 дена по излегувањето од болница. Палпитациите исто така се опишани како чест симптом при 60-дневно следење кај дури 10% од пациентите. Надвор од субјективните срцеви симптоми опишани како дел од долгорочните последици од инфекцијата со SARS-CoV-2, има и неколку мерливи забележани исходи. Се следи зголемена инциденца на синдром на постурална тахикардија (POTS) по инфекцијата со SARS-CoV-2, со приближно исти вредности за точната преваленца кај повеќе публикации. Некои од долгорочните кардиоваскуларни ефекти на КОВИД-19 се забележани како последица на акутна инфекција. Во голема студија на млади, здрави, конкурентни спортисти-студенти, миокардитисот е идентификуван кај дури 2,3% од учесниците, при што повеќето од нив биле со субклинички миокардитис, откриен со срцева магнетна резонанца. Клиничката важност на овој наод е особено голема знаејќи дека слични студии за други респираторни заболувања не се пријавени, но се чини дека сугерира дека срцевите ефекти од инфекцијата со SARS-CoV-2 може да бидат со продолжено времетраење. Подеднакво важни се и публикациите кои покажуваат дека акутната фаза на КОВИД-19 е поврзана со високи стапки на абнормални наоди на ехокардиографија. Иако податоците за ехокардиографските наоди не се базирани на долгорочно следење, компликациите забележани во акутната состојба мора да се земат во предвид при долготрајната нега на овие пациенти.
Секој пациент со позната кардиоваскуларна компликација на акутната инфекција и оние кои продолжуваат да развиваат кардиоваскуларни тегоби во доцната фаза, неколку недели до месеци по акутната инфекција, на болеста треба да бидат упатени за евалуација од страна на супспецијалист по кардиологија. Евалуацијата на пациентот треба да вклучува сеопфатна проценка со анамнеза и физички преглед и ЕКГ, со внимателно следење на срцеви биомаркери и кардиоваскуларна слика како што налага секое клиничко сценарио.

Хематолошки промени/компликации
Акутниот КОВИД-19 е поврзан со зголемен ризик од тромботични настани, особено кај критично болни пациенти. Етиологијата на оваа коагулопатија е мултифакторна, вклучувајќи микроваскуларна дисфункција и зголемена експресија на ткивните фактори како одговор на воспалителни цитокини, како и ефектите на хипоксија врз регулацијата на факторите на транскрипција индуцирани од хипоксија. Според податоци добиени од студии спроведени во повеќе земји на различни континенти, се следи висока стапка на живото-загрозувачки тромботични компликации, како кај пациенти третирани на оддел за интензивно лекување, така и кај пациенти кои имале полесна клиничка презентација на КОВИД-19. Исто така, пациенти со постоечки хематолошки пореметувања се соочиле со посериозни компликации пост КОВИД-19 инфекција и покрај примање на терапија која била ефективна пред контактот со SARS-Cov-2.

Дерматолошки промени/компликации
Од пријавените кожни манифестации на инфекција со КОВИД-19, колективен заклучок е дека се следи широка палета на кожени промени документирана кај пост-КОВИД пациенти. Макулопапуларна егзантема (морбилиформна) се евидентира како најчеста кожна манифестација на КОВИД-19, проследена со папулозен осип, уртикарија и болни црвени акрални виолетови папули, при што една четвртина од овие манифестации се во рацете и стапалата. Подеднакво важно е да се напомене дека голем број на студии го споменуваат и губитокот на коса како честа појава по еден до шест месеци пост прележан КОВИД-19, промени кои сепак се покажале како реверзибилни со примена на соодветен третман.
Иако точните механизми за многу од овие симптоми се непознати и веројатно се должат на истите механизми одговорни за други одложени симптоми на КOВИД-19.

Офталмолошки последици пост-КОВИД-19
Студии кои го имаа својот фокус на офталмолошките манифестации во склоп на КОВИД-19 инфекција докажаа дека очните промени се релативно чести симптоми, било во склоп на мултисимптиматска клиничка презентација или пак КОВИД конјуктивит се пројавува како единстена промена при инфекција со SARS-CoV-2. Треба да се потенцира дека ваквите окуларни манифестации на КОВИД инфекции се застапени кај медицинските работници поради изложеноста на очите како единствена влезна врата за вирусот, имајќи во предвид дека носот и устата се заштитени со носењето на маска.
Промените кои се забележани по прележана КОВИД инфекција, попрецивно во првите 12 недели по потвреден контакт со вирусот, состојба која е означена како долг КОВИД, ги вклучуваат фоликуларен конјуктивитис, субконјуктивални хеморагии, црвенило и суви очи.