НИКОБ ЛАБ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.

Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а

  • ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
  • Седиментација на еритроцити
  • Крвна слика со диференцијална крвна слика
  • УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
  • ГЛУЦИДЕН СТАТУС
  • Глукоза во серум (гликемија)
  • ЛИПИДЕН СТАТУС
  • Вкупен холестерол
  • Триглицериди
  • ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
  • Уреа во серум
  •  Креатинин во серум
  • ЕНЗИМСКИ СТАТУС
  • AST аспартат аминотрансфераза
  • ALT Аланин аминотрансфераза
  • ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
  •  Железо (Fe)
  • Тест за бременост ß HCG во серум

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б

  • ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
  • ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
  • ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
  • СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в

  • ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
  • ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ

Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги

За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените опшествено одговорни групации во државата

Во изминатиот период Никоб Обезбедување, Никоб Медикал и Никоб Лаб беа покровители и поддржувачи на неколку големи спортски, културно образовни настани и работилници низ целата држава.

Сите настани на кои НИКОБ Групацијата беше покровител,  исклучиво промовираа јавни  политики кои имаа за цел да продуцираат здрави навики и животни стилови, младинска, спортска култура, медицинска и здравствена едукација.

Горди сме што бевме спонзори и покровители на 43 Интернационален медицински конгрес во Охрид, реномираниот триатлон “Триоги Рејсинг”, Авто Плус Стрит Шоу саемот за автомобили, мотоцикли и електрични велосипеди во Скопје, Вози право, вози здраво во Скопје и прекрасниот струмички маратон Струмица на улица и како и многу други настани.

Никоб Групацијата спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.

НИКОБ Mедикал со поддршка и презентација на 43 Меѓународен медицински научен конгрес во Охрид

НИКОБ Mедикал со голем интерес го поддржа 43 Меѓународен медицински научен конгрес во организација на Македонската медицинска студентска асоцијација кој се одржува од 20 Мај до 24 Мај во Охрид, а ММСА е најстарата студентска медицинска организација во државата, создадена заедно со формирањето на медицинскиот факултет во Скопје, и е преставник на повеќе од 2500 студенти по медицина, а со оваа традиција е носител на титулата најстар конгрес на студенти и млади доктори во Источна Европа

Интернационалниот Медицински научен конгрес претсавува 4-дневен настан каде што повеќе од 300 студенти по медицина и млади доктори имаат шанса да го надоградат своето знаење од еминентни домашни и странски професори и предавачи.

НИКОБ Медикал како здравствена установа поддржува и промовира медицинска, социјална и јавно-здравствена едукација.

Директорката на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Д-р Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ на 20 Мај имаше поздравен и воведен говор на отварањето на конгресот, а следниот ден на 21 Мај, директорката учествуваше во работилницата со видео презентација на темата НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб – презентација на капацитети, ресурси и вид на услуга, а веднаш потоа студентите кои беа дел од работилницата имаа можност во живо да учествуваат во демонстрирање на капацитетите на медицинските тимови на НИКОБ Медикал, со тренинг симулација на брзата медицинска интервенција со две високо  опремени амбулантни возила и со ресурсите и капацитетите со кои располагаат.

Студентите покажаа особен интрес и активно учествуваа во работилницата на НИКОБ Медикал и се стекнаа со нови вештини и едукации во областа на интервентната медицина.

НИКОБ МЕДИКАЛ со нова услуга, матичен доктор во мрежата на ФЗО за граѓаните во град Скопје и општина Кисела Вода

Во насока на зајакнување на мрежата на матични доктори и доближување на услугите кон граѓаните и заедниците за што подостапна примарна здравствена заштита, во ПЗУ Никоб Медикал започна со работа ординација по општа медицина со матичен доктор од мрежата на Фондот за здравствено осигурување.

Матичниот доктор е со повеќе од 25 години работно искуство во својата струка

Работното време на матичниот доктор е од понеделник, вторник, среда и петок од 8,00 часот до 16,00 часот, а во четврток со работно време од 12,00 часот до 20,00 часот.

Дополнителните услуги кои можете да ги користите во ПЗУ Никоб Медикал се и Брзата медицинска интервенција, домашната посета и аплицирање на терапија во домашни услови, а наскоро во НИКОб Лаб ќе бидат достапни и лабораториски анализи и услуги од листата на Фондот за здравствено осигурување

НИКОБ Медикал е иновативна здравствена установа посветена на 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

1 ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ, 1 ГОДИНА БРЗИ, ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ

Во тек на минатата година започнавте со работа, а денес одбележувате 1 година Никоб Медикал и што може да ни претставите за работењето на установата?

Ми претставува чест и задоволство како прво вработена во ПЗУ Никоб Медикал и како Генерален Директор, заеднички со основачот Г-н Кирил Лазаров да создадеме  професионално семејство кое секојдневно расте и е комплетно подготвено да ја обезбеди здравстевната услуга до нашите корисници кога е најпотребно, т.е кога се работи за најважното во животот, а тоа е здравјето.

Третта година живееме во една од најтешките  светски кризи, Ковид-19 пандемија, која покажа слабости во светски здравствени системи, но и во нашиот систем за жал. Неконтинуирана, селективно достапна или целосно недостапна во одредени средини, сериозно се одрази на квалитет на живот, здравје, како и последици по здравјето. Здравствениот систем претставува интегрираност на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Примарната е базата во системот на која се надоврзуваат останатите. Целта и фокусот ние да  на корисникот на услугата-пациент пристапиме со доближување на услугата према место на живеење и тимот према пациентот. Тоа значи да услугата може да се добие во ординација, но и во домашни услови и работна средина. Видот на услуги е според листа на услуги за примарна здравствена заштита. Услугите се достпани со пристапни цени според ценовната политика и севкупно секојдневно успеваме да се стекнуваме со се повеќе доверба од нови корисници на нашите услуги.

Како постигнувате да одговорите на барања на граѓаните и за што највеќе Ве бараат?

Успеваме на начин за кој имавме план и активности и еве една година и имаме реализација. Основачот како еден од најголемите работодавци во државата сериозно вложува во секторот здравство со капитална инвестиција во однос на простор, опрема и кадар. Имено располагаме со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета. Современо просторно уредување и услуги овозможени од квалитетно обучени 25 тима составени од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Покрај базичната обука, 6 доктори поминаа тренинг програм за професионални тренери за укажување на прва помош за професионалци и непрофесионалци, обука за прва помош на место на незгода како и обука за менаџиреање со трауми во екстремни околности.Обуките спроведени во соработка со Rescue Training International CY LTD, членка на WSO-World Safety Organization,USA, Adult&Pediatric First Aid Training Provider,England. Вложуваме во млади и амбициозни тимови кои несебично колегијално го споделуваат знаењето и искуството. Исто така подршка даваме и на 9 доктори кои од есента започнаа со специјализации од различни области. Креирање на сигурна, продуктивна работна средина допринесува максимален квалитет за крајниот корисник на услугите – пациент.

Во тек на годината одговоривме на секој повик и барање од корисниците на услугите од различна природа и етиологија. Во тек на есенските и зимскиве месеци доминира Ковид-19 патологијата, домашни посети за преглед, апликација на терапија, тоалети на рани, преврески, апликација или промена на катетер итн. Секако имаме пациенти кои редовно си закажуваат превентивни пакети за превенција или следење на одредено хронично заболување. Во тек на целиот период имаме медицински транспорти, како и ангажирани сме за медицинско обезбедување на јавни настани. Следење на потребите на заедниците и граѓаните, од есента имаме матичен лекар во Поликлиника Шуто Оризари, а од месец јануари и во Кисела Вода, при што ја зајакнуваме мрежата на матични лекари.

Д-р.Спец.субспец. Баевска Вучковиќ за колку пациенти станува збор и колку услуги овозможивте досега?

 За една година работа реализиравме повеќе од 10 000 интервенции, доверба имаме од 4 600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35 000 километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид на услуги како во градот така и на територија на цела држава и надвор од државата. Практично, нашата девиза е дека ние постоиме за да помогнеме кога е најпотребно, кога се работи за ЖИВОТ!

Што значи брзи и достапни ? Колку е времето за брза интервенција? Која е најдалечна рута која сте ја имале ?

 Располагаме со богат возен парк со најсовремено опремени амбулантни и санитетски возила со кои за градот и околината поставено ни е максимум 30 минути пристигнување согласно локацијата и повикот. Граѓаните не добиваат на 15515 во тек на 24 часа, веб страна и мобилна апликација за закажување на  интервенција/преглед/домашна посета. Медицински транспорти имаме во соседни држави, регионално и како едни од подалечни рути ни се Венеција, Цирих, а најдалечна е Скопје-Бон-Скопје 4000 км постковид пациент со кислородна подршка. Асистираме и при авио медицински транспорти во доставување или превземање на пациент.

Согласно медицинските и санитетските транспорти имаме одлична соработка како со јавните така и со приватните установи кои се на секундарно или терциерно ниво.

Дали ПЗУ Никоб Медикал е општествено одговорна институција?

Како институција сме општествено одговорни и се трудиме да одговориме и помогнеме со рационален пристап согласно потребите .Во таа насока обезбедивме две сериозни донации, едната донација е транспортен инкубатор за родилиштето во Струмица, кое како најголемо во тој регион за прв пат се здоби со сопствен транспортен инкубатор за најранливата категорија на пациенти- новородените. Со тоа допринесуваме во зголемување на квалитетот на услугата кога е потребно да се изврши транспорт на витално загрозено новородено. Исто така кога се работи за децата во делот на оние кои се прикрепени и добиват услуги во Заводот за ментално здравје на деца и младина- Младост, дониравме ЕЕГ стол кој беше потребен за квалитетно спроведување на ЕЕГ дијагностика.

Што можете да ни кажете како заклучок од првата година од Вашето работење и кои се вашите планови за во иднина?

Како професионалец со 24 години работно искуство кој започнал од првата скала, со многу труд, работа, едукација, успешно се искачував и имав можност да ја достигнат највисоката скала како директор на најголемата јавна здравствена установа Здравствен Дом Скопје. Како педијатар-пулмоалерголог работам со следење на раст и развој, па така тој дел од мојата професија, како и бројни едукации за здравствен менаџмент, како сертифициран и лиценциран менаџер за управување на здравствени установи, прифатив предизвик за основање, раст и развој на едно ново дело во приватниот сектор. Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствена услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата за нови достигнувања.

Во блиска иднина планираме проширување на услугата за матичен лекар во делот на гинекологија и педијатрија, како би обезбедиле комплетна услуга за едно семејство се на едно место. Чекор по чекор одиме, се трудиме постепено да растеме и да се унапредуваме.

 Капитална инвестиција од основачот во кризно време на светска криза со Ковид-19 пандемија има исклучително значење за постоењето на ПЗУ Никоб Медикал со можност и достапност на услугите со што се допринесува за зајакнување на капацитетот на националниот здравствен систем во државата.

 

ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА СЕ НАЈВАЖНИТЕ ФАКТОРИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ !

НИКОБ МЕДИКАЛ СЕКОГАШ Е ДОСТАПЕН КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ЗДРАВЈЕ И ЖИВОТ!

ЕДНА ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ – Постоиме заради Вас слушајќи го вашиот глас

Почитувани граѓани, Една година заедно со Вас се соочивме со предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД -19. Одговоривме на секој Ваш повик, пристапивме кон секој ваш здравствен предизвик и заедно ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите желби. За една година созадовме кадар од 80 високо обучени млади доктори, сестри и медицински персонал, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, секогаш достапни, брзи и ефикасни, а на располагање имате и 10 најмодерни санитетски возила кои беа за неколку минути во вашите домови во Скопје и пошироко. Чест ни е што 4600 задоволни клиенти ги користеа нашите пакети на услуги, а реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35 000 километри во меѓународен транспорт и брзо стигнавме и до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и Цирих. Но, тука не застануваме, ќе продолжиме уште побрзо, подостапно и поквалитетно, и што е исто така важно, со цени прилагодени според економскиот стандарт на граѓаните.

Со почит

НИКОБ МЕДИКАЛ