20 July 2021 by testmedical 0 Comments

Никоб Медикал со поддршка на ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА 2021

Изминатиов викенд од 16 до 18 јули во Хотел Десарет во Охрид се одржа летната школа за студенти по медицина каде што беа вклучени бројни предавања и работилници од неколку области, каде што студентите имаа можност да ги надополнат своите практични знаења.

Настанот  беше поддржан од Никоб Медикал, Министерство за здравство на Република Северна Македонија, Медицински факултет при УКИМ во Скопје, Македонско Лекарско Друштво, Медицински Симулациски Центар, а беше организиран од страна на Здружениетото на студенти по медицина ЗСМ, во соработка со Факултетското студентско собрание на Медицински факултет во Скопје, Европската медицинска студентска асоцијација ЕМСА Македонија и Македонската медицинска студентска асоцијација ММСА.

На свечено отварање на настанот се обратија деканот на Медицински факултет при УКИМ во Скопје, проф д-р Соња Топузовска, министерот за здраввство, доц д-р Венко Филипче, претседателот на Македонското лекарско друштво, проф д-р Горан Димитров и директорката на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб, д-р Татјана Баевска Вучковиќ.

Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ, ја истакна благодарноста за присуството на оваа “Летна школа за студенти по медицина”, каде што студентите по медицина се запознаа одблиску со услугите и дејностите на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб.

ПЗУ Никоб Медикал, приватна здравствена установа на примарно ниво со здравствени услуги во ординација и во домашни услови, преку домашна посета со сите услуги кои може да се обезбедат на примарно ниво, медицински транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Целта ние да сме блиски, достпани, брзи и квалитетни за секој кому сме потребни. Некогаш минути, секунди значат живот. Располагаме со 20 тина медицински тимови, високо обучени за работа по стндари на МБД( Медицина базирана на докази)  и протоколи за работа, 7 најсовремени опремени амбулантни возила, две санитетски и три леки коли. Возилата можат да обезбедат транспорт во градот, во државата и надвор од државата.”

 Д-р Баевска Вучковиќ ја истакна благодарност до основачот г-н Кирил Лазаров како млад и амбициозен работодавец, човек со визија која се реализира и е оперативно функционална, а сето во насока на блиска и достапна услуга кога е најпотребна, каде што со години се минимизира значењето на базата на здравствениот систем и најмалку се вложува, а пандемијата ја покажа и докажа важноста на таа служба.

Вработуваме млади колеги во кои инвестираме знаење и работно искуство и креираме стабилна и предвидлива иднина. Овој настан е одлична можност за претставување на нашите услуги, со надеж дека дел од младите доктори што се тука присутни на оваа “Летна школа за студенти по медицина” ќе бидат наши колеги во иднина – истакна д-р Татјана Баевска Вучковиќ.