Здравјето и безбедноста, едни од најважните фактори во секојдневието, клучни за дефинирање на квалитетот на живот и живеење.
Обраќање на Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ – Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб на присутните при одржување на стручна и научна конференција од страна на Асоцијација за корпоративна безбедност “Форензичка дејност и приватно обезбедување во услови на пандемија со Ковид-19 – состојби и предизвици”.
Почитувани,
Ми претставува огромна чест и задоволство да се обратам на присутниот аудиториум, да Ве поздравам и посакам успешна и плодна стручна и научна конференција во организација на Асоцијацијата за корпоратитвна безбедност, а воедно и да се заблагодарам за учеството на организаторот.
Здравјето и безбедноста посекако се два важни фактори во секојдневието кои се клучни во дефинирање на квалитет на живот и живеење.
Изминатава година ипол живееме во можеби за нас најголем предизвик и закана за здравјето, безбедноста и животот, актуелната Ковид-19 пандемија, која покрај непредвидлив и донекаде непознат ток на болеста, присуството на пост ковид симптоматологија, како и нарушување на социјална комуникација сериозно се одрази и на менталното здравје. Сеуште е рано да се дефинираат последиците од сета ова криза која ја живееме, но сериозно се одрази на пристапот и достапноста на здравствените услуги на секое ниво посебно во делот на примарната здравствена заштита која според Уставот на државата е задолжителна за секој граѓанин.
Во таа насока од неодамна започна со работа ПЗУ Никоб Медикал, приватна здравствена установа на примарно ниво со здравствени услуги во ординација и во домашни услови преку домашна посета со сите услуги кои може да се обезбедат на примарно ниво, медицински транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Целта ние да сме блиски, достпани, брзи и квалитетни за секој кому сме потребни. Некогаш минути, секунди значат живот. Располагаме со 20 тина медицински тимови, високо обучени за работа по стндари на МБД( Медицина базирана на докази) и протоколи за работа, 7 најсовремени опремени амбулантни возила, две санитетски и три леки коли. Возилата можат да обезбедат транспорт во градот, во државата и надвор од државата. Благодарност до основачот г-н Кирил Лазаров како млад и амбициозен работодавец, човек со визија која се реализира и е оперативно функционална а сето во насока на блиска и достапна услуга кога е најпотребна. Со години се минимизира значењето на базата на здравствениот систем и најмалку се вложува, а пандемијата ја покажа и докажа важноста на таа служба. Инвестицијата е комплетно приватна, вработуваме млади колеги во кои инвестираме знаење и работно искуство и креираме стабилна и предвидлива иднина.
Како надополнување на медицинскиот дел од неодамна започна со работа и ПЗУ Никоб Лаб – дијагностичка лабораторија, која дава услуги во делот на биохемиска и молекуларна дијагностика, која е опремена со најсофистицирана апаратура, интегриран биохемиски аналајзер, тестови на листа на СЗО и високо професионален кадар.
Во таа насока можностите со кои располагаме нудат на граѓаните доближување на услугите према место на живеење посебно во делот на Ковид-19 тестирање. Од 24.6 покрај базата во Кисела Вода, започнаа со работа 5 дистални пунктови и тос на следните локации- Табановце, Дојран, Гевгелија, Аеродромите Скопје и Охрид. На овој начин со пунктовите покрај нашите граѓани, овозможуваме и странски државјани кои транзитираат да можат да имаат достапна услуга, а тоа би се одразило и на економијата.
За релативно кратко време на работење имаме договори за соработка како со приватни така и со јавни здравствени установи меѓу кои и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Заедно коопретивни сериозно можеме да допринесеме во олеснување и достапност на услуги за граѓаните, да се безбедни и сигурни во нас кога сме им најпотребни.
Со Почит,
Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ
Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб
Скопје, 26.6.2021г